Скопските таксисти бараат зголемување на цените за такси превоз со предлог почетната цена да биде 60 денари, цена по километар да изнесува 35 денари, а тарифа за чекање од 480 денари на час. Барањето е базирано на зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување, при што ценовникот не е променет повеќе од 11 години.
Покачувањето, на пример, би било – релација што чинела 160 денари, сега би чинела околу 185 денари.
Ако се прифатат барањата на таксистите, такси превозот би се зголемил за 20%.