Утрово почина д-р Владимир Мирчевски, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и долгогодишен специјалист неврохирург, раководител на одделот за детска неврохирургија, соопшти Министерството за здравство.
Смртта на проф. Мирчевски е огромна загуба за целиот здравствен систем, земајќи ја предвид неговата професионалност, огромно искуство и печат во науката кои ги остави зад себе.
Тој беше специјалист на Лионската школа по неврохирургија, член на Американскиот конгрес на неврохирурзи, редовен професор на Медицинскиот факултет-Скопје.
Изразуваме сочувство до фамилијата и најблиските. Нека почива во мир, се додава во објавата од МЗ.