Наслагите на мраз се предизвикани од вишокот на течност и влага во фрижидерите и замрзнувачите. Малите домашни трикови ќе ви помогнат да се ослободите и од овој проблем.
Најпрво треба да се погрижите намирниците и храната во кесите да бидат добро затворени и спакувани и соодветно складирани во замрзнувач.
Освен фактот дека новите уреди на пазарот денес доаѓаат со технологија „без мраз“, многумина сè уште се борат со овој проблем.
А за да спречите формирање на мраз на ѕидовите на фрижидерот, прво исчистете го, односно одмрзнете го и фрижидерот и замрзнувачот. Откако целосно ќе го исчистите уредот, исушете ги сите ѕидови и лесно премачкајте ги со масло.
Маслото треба да го отежне формирањето на нов мраз. Мразот најчесто е предизвикан од вишокот на влага во фрижидерот и замрзнувачот, затоа секогаш треба да се грижите за сите кеси со храна што ги чувате внатре.
Погрижете се сите контејнери и кеси со храна да бидат затворени за да излезе што помалку вода од нив, пренесува DomInVrt.