Косата на ново-стариот претседател на Америка, Доналд Трамп (78) често е во фокусот на јавноста, а тајната на неговата постојана фризура сега ја дешифрирала фризерката Лоси, стилист од салонот Мартиал Вивот на Менхетен, пренесува 24сата.хр.
Како да направите Трамп фризура во четири чекори:
- Исушете ја косата со фен напред. Сè уште не ја четкајте косата на страна. Најважно е да не заборавите да го покриете ќелавиот дел.
- Исчешлајте ја и исушете ја косата наназад и настрана, особено земете го најдолгиот прамен коса од задниот дел на главата и четкајте го под агол од 90 степени над остатокот од косата за да дадете илузија на густина. Инспирирајте се од фризурите на Конан О’Брајан и Вилма Флинстон.
- Кога сте задоволни со горниот дел, исушете ја преостанатата коса со фен на секоја страна кон задниот дел. Овој потег ќе ги обедини сите.
- Нанесете количество лак за коса што го пробива озонот.
Погледнете како треба ОВДЕ.