За само неколку секунди семејството Фириќ од Ковиље остана без три члена: шестгодишната Сара, десетгодишната Валентина и нивниот дедо Ѓорѓе Фириќ (53). Во петокот, нешто пред пладне, бетонската конструкција на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, долга околу 50 метри, паднала врз случајни минувачи, а меѓу нив бил и еден дедо со неговите внуки кои се подготвувале да заминат за Лозница.
На тој кобен ден, никој не помислил дека ќе се случи ваква трагедија! Целото семејство требаше да оди на слава, изјави за Република.рс таткото на девојчето.
-Требаше да почнеме да славиме кога ќе се вратам од работа, се подготвувавме за тоа. Дедо им ги однел девојчињата во станица да одат кај другиот дедо во Лозница, кој таму требало да ги чека. Му се јавив на татко ми на телефон, тој не ми одговори. Се јавив на постарата ќерка Валентина сто пати не ми одговори – низ солзи раскажал неутешниот татко Ѓорѓе Фириќ.
Според очевидци на трагедијата, дедото и внуките биле пронајдени гушнати.
-Ќе бидат погребани заедно со дедо им, бидејќи заедно отидоа на другиот свет, мислиме дека така треба – додава скршеното срце.
Понатаму вели дека на погребот ќе мора да има и брза помош, бидејќи мајката и бабата на девојчето не можат да стојат на нозе.
За трагедијата да биде уште поголема, семејството се подготвувало наскоро да го прослави десеттиот роденден на Валентина, а како што вели таткото, наместо подароци, годинава и подготвуваат погреб.