Во денешното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77, гостин беше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Во разговорот со водителот Столе Наумов, Костадиновски зборуваше за проблемот со водата за пиење во општината, за тоа дали Струмица ќе излезе од ЗЕЛС или не, но и за политиката воопшто и за претстојните локални избори.
Во врска со проблемот со питка вода за пиење на струмичани меу другото Костадинов рече:
-Секоја криза претставува предизвик, така и кризата со водата, која ни беше наметната, но јас сум благодаен што филтер станицата има стручни луѓе, со над 30 годишно искуство, никој не може да им ја деградира професионалноста и деноноќно се трудеа да обезбедат чиста вода за пиење. Најголем проблем негрижата и незаинтересираноста и климатките промени. Долг период немавме капка дожд. Има насоки и протоколи како треба да се грижи за една акумулација како што е Турија. Во Струмица има три брани во Струмица, Турија, Маркова Брана и кумулација Водоча. Водата во браната Водоча е толку загадена да не може никој да не ја преработи. Нродот и старите никогаш не правеле ништо случајно. Има еден дол во кој треба да се направи зафат. Има железен дол, затоа што содржи висока количина на метали, па доага до одронување при дожд. Кога имаме ништо ниво на вода се заматува и во нашата филтер станица доаѓа техичка вода со ниво на манган од 1,5 миниграми на литар вода. Неколкукратно зголемување од законското ограничување од 0,05 милиграми на литар, рече тој и додаде:
– Првото нешто што го направив е да разговарам со стручните лица. А ова ниво на манган не постои можност ниедна филтер станица што може да го обработи. Манганот се вади со помош на вбризгување на кислород, со хлорирање, со највисоко техноошко достигнување, а тоа е со озонатори. Нека кажат стручни луге дали постои можност со сите филртирање а да не биде микробиолошки исправна. Како што беше укажувањето на ИЈЗ да има колиформна бактерија. Каде е проблемот? Ако има таква бактерија, која е извор од фекалии, па како дошло да таа фекалија во браната? Кога велиме дека мора да има околу бараната заштитен појас и градба, а општината нема ингеренции врз тоа. А браната не е ни на територија на Општина Струмица, туку над Општина Василево, кога не е во локална надлежност, се е под капата на Министерство за водостопанство. Досега немало појава на манган во водата. Сега се реши проблемот со еуроација, се смири водата, манганот падна на дното на браната и преку филтрите да ја обработиме во питка вода. Стримица после еден месец голгот доби вода за пиење, рече Костадинов, па се пожали на незаинтересираноста на власта.
-Одговорно тврдам дека кога имало проблем министерот се појавувал. Како кога беше во Кавадарци. А сега не дојде ниту еднаш. Очекував со директорот на водостопанство да излезат на терен, да се понудат некакви решенија. Не ми е целта да обвинам, граѓаните не ги интересира кој е крив туку да имаат вода за пиење. Овде нема теорија на заговор, туку незаинтересираност на надлежните институции. Ние не сме енклава, сакаме да соработуваме со институциите. Но, проблемот не е проблем на општината, туку на надлежна институција си стручни луѓе, која е под капата на Министерството за земјоделство, рече градоначалникот.
Меѓу другото Костадинов беше прашан и по што ќе биде запаметен во неговиот прв мандат, на што тој рече:
-Со почнување на изградба на најголемиот пазар, не се откажуваме од тоа. Најголем во Македонија од 43.000 метри квадратни. Најземјоделскиот град, кој се шири, кој станува најразвиен град, да биде своевиден дистрибутивен центар, да добие најсовремен пазар. Новите буевари, велосипедски патеки, првиот булеварски мост, покривање на Крушевска Република, нов булевар „23 Октомври“, електифициран јавен превоз, прв град на Балкан. Може кој сака и колку сака да зборува. Тоа е благодет и ја крева Струмица на пиедестал, рече тој, а на пршањето зошто не сака да се кандидира за втор мандат рече дека- не размислува.
Погледнете го целото интервју во видеото подолу: