Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите , изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист. Изгуби Свети Николе, можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно.
Ов е еден од постовите на Фејсбук во кој се опишува исклучителната личност на Васко Саздовски (45), Македонецот, кој вчера го загуви животот во несреќата во Нови Сад.
Негови блиски велат дека Васко бил човек, кој Македонија не знаеше да го почитува и препознае неговото знаење, па затоа заминал во Нови Сад да работи како професор во Институт „Биосенс“, се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството и повремено доагал во Македонија. Бидејќи бил иноватор, Васко најблиските го викале „Васко научникот“.
Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, ја потврди веста за „Политика“.
– Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имаше научна кариера, изјави Црнојевиќ за весникот.
Колегите на Саздовски се собраа во Институтот „Биосенс“ утрото по трагедијата. Според нивните зборови, Васко работел таму нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Северна Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца. На пат тргнал и кобниот петок, 1 ноември.
Не само што бил иноватор, туку и спортист и вљубеник во планинарството.
По потекло бил од Свети Николе, но со сопругата и двете синчиња живеел во Скопје.