Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ вечерва примени се двете повредени лица во инцидентот што се случи во скопско Арачиново.
Еден од повредените починал, додека пак второто лице веднаш е примено во Одделот за интензивна нега, направена е дијагностика и ќе биде извршена хируршка интервенција, велат за МИА од Ургентниот центар.
Тие информираат дека починатиот пациент е на 50-годишна возраст, а другиот е 19-годишен.
„Заради сериозноста на состојбата на 50- годишниот пациент, веднаш е извршена реанимација, но за жал и покрај сите напори на дежурните медицинските тимови, кај овој пациент настапила смрт“, посочуваат од Ургентниот центар.
Пукањето се случило попладнево, а полицијата дознала од Ургентен центар Мајка Тереза
-На 1.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од Арачиново. Според пријавеното, во нив во селото Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило ауди,, наведуваат од МВР.