Приказната за Ден Дотсон, најпознат по реалното шоу „Storage Wars“, повторно и повторно се актуелизира на социјалните мрежи. Тој го шокираше светот пред неколку години, кога откри дека еден маж купил стар магацин за 500 долари, а внатре пронашол неверојатно богатство.
Всушност, се работи за ТВ серијал во кој заинтересирани луѓе купуваат магацини надевајќи се на заработка. Внатре тие пронаоѓаат половни работи, но понекогаш среќата знае и да им се насмевне. Токму таков е и случајот со еден неименуван маж – пренесува Unilad.
Дотсон открил дека една жена одлучила да му пријде и го оставила без зборови со својата приказна.
„Нејзиниот маж купил магацин од мене и пронашол стар сеф. Ангажирале експерт за да го отвори. Внатре имало 7,5 милиони долари во ќеш“, раскажал Дотсон.
Приказната звучи неверојатно, а многумина помислија дека е наместена поради популаризација на ТВ програмата. Од друга страна, Дотсон го раскажал и остатокот.
„Потоа добиле телефонски повик од адвокат кој ги застапувал поранешните сопственици на магацинот. Тие ги барале парите назад, со исплата на надомест од 600.000 долари. Потоа сумата била двојно зголемена па зделката била склучена“, додал тој.
Дотсон смета дека епилогот бил соодветен и за едната и за другата страна.
„Заработка од 1, 2 милиои од магацин купен за 500 долари е проклето добра работа“, заклучил тој.