Почина новинарот Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци. Зоки не успеа да ја добие борбата со тешката болест.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја сподели јутјуберот Стефан Лазаров.
-За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите. Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам. Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш, напиша Стефан.
Зоки новинарската кариера ја почна во дневниот весник „Вест“, потоа во А1, каде го уредуваше магазинот „Фаци“, од кога и го доби прекарот, потоа беше во 1ТВ, а последниот ангажман му беше во поткаст на Јутјуб.
Почивај во мир Зоки, нека ти е светол патот!