Пред две децении, еден од најблиските министри до премиерот, Христијан Мицкоски, го покажа своето убедување дека има бугарски идентитет и корени, пишува бугарската новинска агенција БГЕНС .
-Изјавувам дека имам бугарска самосвест и бугарско потекло, напишала во 2004 година актуелната македонска министерка за енергетика и бугарска државјанка Сања Божиновска, пренесе БГНЕС.
На 18 октомври годинава Божиновска свечено соопшти дека „ниту еден граѓанин на (Северна) Македонија кој се стекнал со бугарско државјанство не се чувствува како Бугарин“. Таа тврди дека поднела барање за бугарско државјанство, како и десетици илјади други Македонци, исклучиво од „економски причини“. Божиновска ја нарече постапката „измама со документи воведена од бугарската држава“, пишува БГНЕС.
Но, како што пишува БГНЕС, во октомври 2004 година, пак, во изјавата кога аплицирала за бугарско државјанство, Божиновска изјавила дека нејзината мајка и татко – Перо и Виолета – биле Бугари.
Ниту еден граѓанин на Македонија не потпишал декларација дека се чувствува како Бугарин, бидејќи тоа го прават бугарските адвокати кои земаат пари за посредување“, напиша Божиновска во својата објава на Фејсбук од 18 октомври.
БГНЕС објави документ дека лично Божиновска, наспроти нејзините тврдења, дека нејзиниот адвокат ја потпишал декларацијата. Таа напишала: „Изјавувам дека имам бугарска национална свест и имам бугарско потекло“.
-Така, пред две децении, еден од најблиските министри до премиерот Христијан Мицкоски го покажа своето убедување дека има бугарски идентитет и корени. Во декларацијата на Божиновска не се наведени „економски причини“ или „работа во странство“ како причина што таа ја тврди. Вакви основи за државјанство не постојат според бугарското законодавство. Згора на тоа, во 2004 година, Бугарија сè уште не беше членка на Европската унија. Сања Божиновска добро знаела за постапката, бидејќи покрај мајка и и татко и, нејзиниот брат Даниел е бугарски државјанин, пишува БГНЕС.
Божиновска, пишува БГНЕС, е кривично одговорна според бугарското законодавство доколку приложила лажни податоци во декларацијата што ја потпишала.
-Благодарение на личните бугарски документи, Божиновска го завршила високото економско образование во чешкиот главен град Прага под повластени услови, бидејќи е државјанин на земја членка на Европската унија. Подоцна, таа успеа да добие чешко државјанство поради нејзиниот долгогодишен престој во Чешка – повторно благодарение на нејзиниот бугарски пасош, пишува БГНЕС и додава:
-Сања Божиновска постојано ги лажеше граѓаните на Северна Македонија дека повеќе не е бугарска државјанка. Министерката во кабинетот на Мицкоски во септември годинава поднела барање за откажување, но не добила указ за ослободување од државјанство, се вели во информацијата од БГНЕС.