МВР информира дека возач, кој имал 92 години, удрил во тројца пешаци во селото Жеровјане, тетовско.
-На 28.10.2024 околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Жеровјане патничко возило ,,венто” со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.Ф.(92) од село Жеровјане, удрило во пешаците И.С.(65) и О.С.(69) од село Жеровјане и М.З.(66) од село Теново. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Ф. и пешакот О.С., додека И.С. и М.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.