На 8 јуни 2024 година, руските сили лансираа над 40 ракети, насочени кон цивилната инфраструктура низ Украина. Киев, украинската престолнина беше најмногу погодена, со извештаи за цивилни жртви и уништување на детска болница, добро позната по лекување на млади пациенти со рак и ретки болести. Загинаа двајца возрасни,а 16 беа ранети, меѓи кои и седум деца.
Тоа утро Украина беше потресена од експлозии во масовен руски ракетен напад во источните градови Славјанск, Краматорск и Покровск. Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко изјави дека во нападите загинале 20 цивили ширум Украина , а над 50 лица се повредени.
Поголемиот налет на руски ракети го погоди главниот град на Украина, Киев, при што загинаа десет цивили, а беа повредени уште 35 лица , соопшти канцеларијата на украинскиот државен обвинител. Локалните власти објавија дека оштетени се многу цивилни згради во шест градски области – но некои ракети стигнаа до своите цели, вклучително и една од најголемите и најнапредните детски болници во земјата.
Две руски ракети ја погодија детската болница Охмадит , уништувајќи едно крило на медицинската установа и предизвикувајќи пожар. Министерот за здравство на Украина, Виктор Лиашко, изјави дека рускиот удар ја погодил зградата за токсикологија, каде што децата биле на дијализа. Во нападот беа оштетени и одделот за интензивна нега, операционите сали и одделенијата за онкологија.
Детската болница Охмадит е најголемата и една од најпознатите педијатриски медицински установи во земјата. Познат е по својата напредна медицинска опрема и високо квалификуван медицински персонал, кој нуди специјализирани третмани и итна помош за деца од цела Украина. Лекарите на Охмадит обезбедуваат третман и грижа за малите пациенти за рак, нудат услуги како што се дијализа за деца со бубрежни заболувања, вршат детски операции и се справуваат со критични случаи кои бараат интензивно следење и третман. Болничкиот персонал лекува до 20.000 деца и врши околу 10.000 операции годишно. Од почетокот на целосната војна во 2022 година, болницата работеше без престан за да ги лекува и децата и возрасните погодени од инвазијата, справувајќи се со случаи на повреди од гранатирање и други трауми поврзани со војна.
Дописникот на Рубрика, Микола Тимченко, се упати на местото на рускиот напад врз детската болница Охмадит за да ја документира разорната трагедија што ја потресе украинската престолнина. Репортерот беше сведок како фасадата и прозорците на болницата се скршени од бранот експлозија и оштетени влезови. Додека првите луѓе кои реагираа, трчаа до местото на руските напади. Локалното население во Киев, вклучително и лекари и медицински сестри од уништената детска болница – некои облеани во крв – се нафатија да ги евакуираат жртвите и да отстранат дел од остатоците. Тие продолжија да ги поддржуваат спасувачите и полицијата, кои пристигнаа на местото на настанот за да го локализираат пожарот, да ги размонтираат урнатините и да ги спасат затрупаните цивили.
Внатре во болницата, репортерот на Рубрика забележа уништување на детските одделенија – кревети, инкубатори и опрема оштетени и превртени – и сали испрскани со капки крв, каде што персоналот на болницата им пружа прва помош на повредените пациенти и повредени медицинскински лица. Тој, исто така, беше сведок на евакуираните деца со рак надвор од болницата, сè уште поврзани со опремата и утешени од нивните родители, медицински сестри и лекари.
Многумина од болничкиот персонал беа повредени, меѓу кои и главната медицинска сестра, која се здоби со повреда на раката.
Утринскиот ракетен напад на украинските градови на 8 јуни беше втор во една ноќ што Русија го изврши врз Украина. Во текот на ноќта, на 8 јуни, руските сили испратија четири субсонични крстосувачки ракети од воздух Kh-101 и две балистички ракети Искандер-М на украинска територија. Тие користеа стратешки бомбардер Ту-95МС за лансирање ракети Кх-101 од руската Саратовска област, која е оддалечена преку 1.000 километри од Украина , и ракети Искандер од Курската област и територијата на окупираниот Крим.
Русија често ги користи аеродромите длабоко во нејзината територија за да лансира ракети со долг дострел врз цивилната инфраструктура на Украина. Според воениот експерт Олександр Коваленко, овие воздушни бази за стратешки и тактички воздухопловни сили ги вклучуваат Енгелс-2, Украинка и Олења, кои се наоѓаат на над 1.000 километри оддалеченост од украинската граница. Украинските сили честопати не се доволно моќни против руските удари со долг дострел, бидејќи немаат доволно системи за противвоздушна одбрана и проектили за да го одбијат баражот руски ракети.
Според Службата за безбедност на Украина, болницата Охматдит била погодена со проектил Кх-101.
По нападот на болницата, не сите деца се вратија внатре, во незафатените делови од нападот. Некои останаа во медицинските установи каде што беа евакуирани, додека други беа преместени во станови платени од добротворни организации и лоцирани во близина на болницата. Во август беше распишан тендер за обнова на болницата со најосновните градежни работи за реконструкција.
Светската здравствена организација веќе предупреди дека Украина се соочува со продлабочена јавно-здравствена криза, главно поради разорните ракетни и беспилотни напади врз електричниот систем на земјата, како и врз болничката инфраструктура.
Од почетокот на целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, СЗО има регистрирано речиси 2.000 напади врз здравствените установи во Украина и вели дека тие имаат сериозно влијание.
Овој текст е преземен од украинскиот медиум Рубрика
Фотографии од Рубрика
Powered by TechSoup Network’s Digital Activism Program