Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, младата Марија Спасовска, на тукушто завршениот фестивал на забавни мелодии „Макфест“ во Штип го покажа сиот свој талент.
И како пејачка која извонредно на сцената во домот на културата „Ацо Шопов“ ја донесе својата нова фестивалска тема, но и како мошне надарен автор која и овој пат самата ги потпшишува и музиката и стиховите на песната „Страв“!
Сигурна, самоуверена, со одлична интерпретација и впечатлив сценски настап Марија ја покажа сета своја зарелост, полека вбројувајќи се во македонската женска пејачка поп елита која ги вбројува „новите деца“ на естрадата. „Страв“ е модерна тема, музички обоена со современи звуци и бои, онакви какви што се користат во новите светски музички трендови, одлично вокално изведена од аасамата пејачка и автор, аранжирана од еден од македонските музички мајстори на сите жанрови, каков што Никола Мицевски, а снимена и миксана во студиото „ХL Момировски“, каде Никола Мицевски и Дејан Момировски ги потпишуваат продукцијата и миксот на истата.
Лирски, во песната содржани се грст емоции, но без лигава патетика, туку низ стихови кои искрено и едноставно ја оддаваат емотивната состојба на една млада девојка и сите нејзини стравови и недоумици, дали одново на старата љубов од која се изгорела повторно да и се препушти или да се обиде сосема да ја заборави? При тоа она што останало од истата е доволно цврста емотивна нитка, која тешко се раскинува, по која остануваат љубовните погледи со очи ширум отворени… И „Страв“ грешкат да не се повтори!
За песната е снимено едноставно, но мошне функционално видео кое во целост ја следи целата содржинска фабула во стиховите, уметнички боејќи ја лириката и музичките ноти со визуелна перцепција во различни сцени, кои се снимени на неколку локации. Дел во македонската престолнина Скопје, дел во блиското крајбрежје на градот во јужносто соседство во кој пејачката сега е на прва година студии, прекрасниот и сончев Солун.
Видеоспотот го потпишува режијата на Томислав Живковиќ кој се наоѓа и во неколку други улоги при реализацијата на истиот, заедно со бројната екипа потпишана под видеото кое можете да го проследите во продолжение.