Животот во затвор не му оди добро на магнатот Шон диди Комбс, вели затворскиот стручњак Лари Левин.
Тој гостуваше на поткастот „Судењето на диди“ каде откри дека Комбс секојдневно го посетува психијатриски тим кој го следи неговото ментално здравје.
„Тој всушност не размислуваше за самоубиство, но мојот внатрешен извор таму ми кажува дека некој доаѓа да го посети по неколку пати дневно за да се увери дека е добро“, изјави Левин.
Тој додаде: „Дошол некој од одделението за психологија да го посети, така што тоа е како игра која ја играат со затворениците. Запаметете, тој не игра шах. Тој е сам во својата ќелија“.
Инаку, Паф Диди е затворен во озлогласениот затвор Метрополитен во Бруклин (MDC) откако беше уапсен на 16 септември под федерални обвиненија за сексуална трговија и транспорт со цел проституција. Левин, чија компанија ги подготвува обвинетите за затворски живот и им помага да се движат низ процесот на рехабилитација и други затворски програми, тврди дека Комбс веќе има повластен третман во затворот во Бруклин.
„Моите извори ми кажуваат дека добива дополнителни термини за бањање“, рече Левин.
„Не знам колку. Веројатно варира. Тие им даваат дополнителни привилегии“.
Извор: pink.rs