Пејачот Ѓорѓе Давид гостуваше во подкастот на „Опет Лака“ и по тој повод ги изненади сите со една интересна исповед.
Во текот на интервјуто водителот во еден момент го врати во делот од кариерата во кој глумеше со Милена Дравиќ и Бред Пит, а рокерот не се двоумеше да каже интригантни детали од снимањето.
„Јас му ја украдов девојката на Бред Пит, првата вечер, тоа беше американска актерка, некоја згодна девојка, тој не го знаеше тоа затоа што девојката беше итрица“, јасен беше Ѓорѓе, а тој одговори и дали актерката инсистирала да користат кондоми.
„Не, таа беше толку понесена што се занесе. Јас и тој сме на иста возраст и гледате колку е нефер животот кон Бред Пит“, низ насмевка изјави пејачот.