Старо-нови ѕвезди, оркестар во живо, како дополнување, убави песни и убава сцена, тоа е обележјето на годинашното издание на Фестивалот на музика „Макфест“, кој се одржа викендов во Штип.
И како по традиција „Макфест“ секогаш знае да понуди некое изненадување, а тоа не му недостасуваше и годинава. Тоа и го прави посебен и го издвојува од сите други.
На изненадување на публиката по подолго време се врати оркестарот, а се вртија и некои ѕвезди кои или долго време не сме ги виделе на макфестовската сцена или досега не настаувале. Највпечатлив настап, а тоа значи и најголем аплауз доби Дарио, кој пред повеќе од две децении настапи со „Старо купувам“ и групата „Бон тон“, па Дани, која кариерата ја почна токму на оваа сцена, па Димитар ндоновски, кој настапи со сцена од кабаре… Но, настапија и нови пејачки имиња, чии песни, секако, ќе си го најдат своето место.
„Макфест“ е со две вечери, од кои правта е посветена на новите ѕвезди, додека втората е ревијална. Е токму тоа придонесе за лежерна атмосфера, пејачите да се посветат на настапот, а не на тоа кој ќе освои награда. Пет учесници од првата вечер им се придружија на етаблираноте музичари и добро се снајдоа.
Интересно беше што и на сцената се појавија повеќе водителски парови, освен стандардните Маријана и Димитар, а се оддаде почит со голем аплауз на сите кои придонеле „Макфест“ да биде тоа што е, а не се повеќе меѓу нас.
Атмосферата низ фотографии ви ја пренесуваме тука: