Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува опожарувањето на возилото на сопственикот на регионалната телевизија М-Нет ХД од Штип, Благој Серсемов во дворот на неговата семејна куќа.
– Заканите и заплашувањата насочени кон медиумите ја поткопуваат демократијата, слободата на говорот и слободата на информирање. Безбедноста на медиумските работници е клучна за постоење на независни и професионални медиуми, кои се еден од главните стожери на демократските процеси и кои придонесуваат за унапредување на слободата на изразување, се вели во денешното соопштение од АВМУ.
Оттаму апелираат Министерството за внатрешни работи во најскоро време да го расчисти случајот и да ја информира јавноста за причините што довеле до овој, како што го нарекуваат, вандалски чин.