Водачот на нарко-групата „Барон“, Акиф Равманоски, на социјалните мрежи се заблагодари на првата дама на Републиката, Гордана Сиљановска Давкова, изразувајќи гордост што токму таа ја претставува Македонија.
-Почитувана… Бескрајна благодарност до вас! Се гордеам што токму вие сте нашата прва дама на Републиката, напиша тој на Инстаграм.
Акиф е поврзан со инцидентите во „Шиша бар“ и е во фокусот на вниманието откако еден од неговите членови беше помилуван.