Не ни очекувавме дека ќе ни се случи ваква убавина.Среќни сме, не сме при себе од среќа. Емоции нѐ совладаа и не можеме да се снајдеме од наплив на емоции.
Вака Благица и Александар Зикови од Штип реагираа минатата година на овој ден, кога им се родија четири бебиња, а кои по желба на родителите беа крстени Леонтина , Михаил, Теодор и Ведран.
Денес малата принцеза Леонтина и нејзините тројца браќа Михаил, Теодор и Ведран наполнија една годинка, а на среќата на родителите им нема крај.
-Додека ве носев така малечки во моите раце, додека спиевте на моите гради го чуствував вашиот бебешки мирис, не ни помислував колку брзо ке пораснете и еве денес полните една годинка.
Една година исполнета со бебешки звуци, со многу галење, гушкање со мамичка и татичко.
Вие сте нашиот дар од Бога! Имајте среќно и благословено безгрижно детство. Мама и тато ќе направат се да ја добиете најголемата љубов во вашето детство. Растете ми, растете мали мои дечиња. Нека ви е среќен првиот роденден, рече мама Благица.
Кога им се родија бебињата Благица и Александар беа во брак пет години и не ни сонувале дека еден ден ќе им се случи ваква среќа.
-Пресреќни бевме кога дознавме, не ни очекувавме дека ќе ни се случи ваква убавина. Сега на трети ноември ќе славиме пет години брак. Среќни сме, не сме при себе од среќа. Емоции нѐ совладаа и не можеме да се снајдеме од наплив на емоции, рече Благица веднаш по породувањето за ММС
Ова е втора четворка во Штип по 27 години.