Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан вчера бил искасан од кучиња и има 15-тина конци по целото тело и се уште не се знае дали ќе настапи на утрешниот дуел со Порто во Европската лига, кажа денес тренерот на Вардар, Владо Недановски.
„За жал имаме неколку повредени играчи, 4-5 ракометари. Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан шетајќи со своите деца беше нападнат од кучиња и заврши во болница. Бранејќи ги своите деца заработи 14-15 конци“, рече Недановски.