Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Насилство врз дете од член 201-а и Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик.
-На 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди. Петнаесеттина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец оштетениот, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информираат од ОЈО