Земјава и Балканот денес се сеќаваат на Тоше Проески, кој на денешен ден пред седумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
По тој повод секоја година се одржува маратонот, кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го истрчаа 17-тиот маратон во чест на Тоше и денес напладне пристигнаа пред неговото спомен обележје во Крушеви, а ги пречекаа од учениците од основното и средно училиште кои даруваа 500 рози во чест на Тоше Проески.
Беа запалени свеќи за спомен на Тоше, но и на неговиот татко, кој почина пред шест месеци, а е погребан до Тоше.
Погледнете ја галеријата од сеќавањето на Тоше во Крушево: