Ал Пачино, еден од најдобрите холивудски актери, познат по улогите во филмовите “Кум“, “Лице со лузна” и “Мирисот на жената”, има над 80 години. Беше холивудски заводник, сонуваше да стане бејзбол играч , но заврши на филмското платно.
Неговите родители се развеле кога имал две години, на девет години почнал да пуши а на 13 да пие. На 17 години го напуштил училиштето и побегнал од дома. Работел во пошта, бил домар а платата ја давал за часови по глума.
– Никогаш со актерството не се занимавав за пари. Мало моменти кога ми требале пари, после факултет бев без пари и неколку дена спиев на улица. Но, никогаш не сум бил материјалист. Иако заради мојот начин на живот можам да кажам дека сум расипник, изјавил тој
Оскар доби за филмот „Кум“, по кој светот полуде а нему му се смени животот.
– Улогата на Мајкл Корлеоне ми беше најтешка која сум ја одиграл. Бев на почеток на кариера, покрај мене беше големиот Марлон Брандо, но само благодарејќи на режисерот Френсис Копола останав дел од проектот, изјавил тој.
Внимание привлекуваше и со неговото однесување. Во емисијата на водителот Џими Кимел призна дека на доделување на Оскар во 1975 година бил толку многу „надуван“, па колегата Џеф Бриџис морал да му објаснува што се случува на церемонијата. Ал имаше проблеми со алкохолот а кога на 22 години останал без две најважни личности во животот им се предал на пороците.
-Најтежок момент во животот ми е кога ги изгубив мајка ми и дедо ми, починаа за една година. Тоа ме фрли кон пороците. Тие 70тите години за мене беа изгубени а потоа во 1977 престанав да пијам и се фокусирав на работа, изјавил во едно интервју Пачино.
Покрај себе ги имаше најубавите жени, но никогаш не се ожени.
-Славата ме затекна неподготвен. После „Кум“ не знаев што ме снајде. Не знав веќе кој сум, жените ми спиеја пред врата, изјавувал актерот.
Има три деца, близнаците Антон Џејмс и Оливија Роуз (19), кои ги има со актерката Беверли Д’ Анđела. А од врската со професорката по глума Џен Тарант ја ма наследничката Џули Мари(30).
Фото: eadt.co.uk/ interviewmagazine.com
Извор: telegraf.rs