Ќерката на Клинт Иствуд била уапсена во саботата вечерта.
Франческа е обвинета за семејно насилство. Таа по расправија го повредила актерот и нејзиното долгогодишно момче Александар Раит во Беверли Хилс, пишува The New York Post, а потоа била пуштена од притвор со висока кауција, пренесува еспресо.рс.
-Во сабота, 12.10.2024 година околу 22.42 часот, полициското одделение одговорило на повик за можен инцидент со семејно насилство. Полицајците спроведоа истрага и врз основа на изјави и повреди, Франческа Рут Фишер Иствуд од Лос Анџелес беше уапсена за кривично дело семејно насилство. Таа е задржана во притвор – се наведува во соопштението.
Според информациите, Франческа се скарала со своето момче додека возела низ Беверли Хилс. Тепачката наводно ескалирала и станала физичка. Откако полицијата дошла и ги земала изјавите на двете страни и ги проценувала повредите, кои според локалните медиуми ги имало момчето, полицијата ја уапсила наследничката на Клинт Иствуд.
Нејзиното момче одбило лекарска помош, а Франческа била пуштена од полициски притвор откако платила кауција од 50.000 долари. Полицијата не го објави идентитетот на наводната жртва во согласност со законите во Калифорнија.
Франческа е во врска со актерот Александар Реит со кој го има шестгодишниот син Титан.
Двојката ја објави својата романса на црвениот тепих во 2018 година. Франческа во тоа време веќе беше бремена.