Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле денеска преку писмено соопштение информираше дека искрено жали и изразува сочувствуво до семејството за загубата на нивното дете.
Стручниот колегиум одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги превземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката.
Детската Клиника-Козле како и целата јавност го очекува мислењето на етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе превземе понатамошни соодветни чекори – се додава во денешното соопштение.