Властите на чешката престолнина забранија организирани туристички тури по пабови, таканаречено „лазење од пивница во пивница“ и наместо „пијани странци“ сакаат богати и културни гости.
Властите на Прага во понеделникот забранија организирани туристички тури по пабови, со цел да се потисне ноќната врева што ја создаваат пијаните гости, објави „Политико“, а пренесоа сите светски медиуми.
Со оваа забрана се укинува многу популарната „лазење од паб до паб“, во која туристите следат водич од еден бар до друг.
Забраната се однесува на времето од 22 до 06 часот.
Prague bans night-time pub crawls in fight against drunken stag dos https://t.co/iGFVvROIBC pic.twitter.com/CpzqcWkTWt
— The Times and The Sunday Times (@thetimes) October 15, 2024
„Нерационалното консумирање алкохол и неуредно однесување поврзано со посета на пабови може да создаде впечаток на недостаток на култура во заедницата, да го намали чувството на сигурност и може да има негативно влијание врз искуството на градот од страна на туристите и потенцијалните инвеститори, но и од самите граѓани“, ја образложија одлуката чешките власти.
Заменик-градоначалникот на Прага, Зденек Хриб, во понеделникот им рече на новинарите дека „нема да биде можно да се организираат ноќни тури со водич“, додека друг заменик, Јиржи Поспишил, рече дека градот „бара покултурни, побогати туристи… и не само оние кои доаѓаат да се забавуваат.“ – рече Франс прес.
Жителите на центарот на Прага долго време се жалат на бучава и се загрижени за безбедноста поради туристичките патувања. Улиците со калдрма во градот се полни со пабови и пинови, пренесува Б92.