Уште 5 дена остануваат до големиот концерт на мултиинструметалистката Бајса Арифовска, Балканско виножито, најавен како колаж на посовремен етно и и етно џез призвук во изведба на виртуози од регионов. На Бајса на 16 октомври во 20 часот во малата сала на Македонската филхармонија ќе и се придружи и светски докажаниот и врвен инструменталист на кавал Недјалко Недјалков.
„На ова музичко патување ќе му дадеме посебен простор на инструментот кавал, којшто патем го среќаваме во поблиските балкански страни и кој по својата природа изобилува од палета на техники и звучен колорит. Наспроти мене ќе ги чуеме и изведбите од Недјалков, кој е солист во оркестарот на Бугарско Национално Радио, и чиј стил се одликува со брилијантна виртуозност, слободна и флексибилна импровизација се несекојдневна можност за нашата публика“, вели Бајса Арифовкса.
Музичкиот колаж од авторски и традиционални балкански творби создадени и обработени со оригинален и посовремен етно и етно-џез призвук, ќе биде уникатно доживување низ призма на индивидуалното искуство и интерпретација на секој автор-инструменталист посебно. Двајцата виртуози на кавал, Бајса со нејзините емотивни етно изведби и Недјанков кој со својот изведбен стил доловува чувствителност преку, понекогаш исклучително тешки манири на свирење, коишто ни создаваат чувство за пространство без стилови и жанрови ограничувања. Неговата виртуозност е светски докажана и по учеството на Недјанков во големиот концертен проект на каталонецот Џорди Савал во Њујорк, реномираниот Њујорк тајм пишува дека изведбата ги доловува звуците на растргнатиот регион кој обединува многу јазици.
Изведба од Надјалко Недјалков.
На концертот учествуваат и Ивајло Димитров – (Р.Бугарија) и Душко Георгиевски – вокални солисти, Дамир Имери – пијано и клавијатури, Иван Бејков – бас, Ратко Даутовски -перкусии, Емил Адамски-зурла и гајда и Бајса Арифовска Димитрова – кавал, тамбура,кларинет,ут, виолина.