Во зградата на Високиот суд во Белград, kако што ексклузивно дознава Република, Коста Кецмановиќ на прашањата одговара со пауза од една до две минути.
Во пресрет на судењето беше одлучено Коста да сведочи од говорница во судницата, а не од посебна просторија.
Како што дознава Република, Коста Кецмановиќ денеска за првпат одговорил на прашањето кое година и пол ги мачи сите родители на убиени деца, а тоа е зошто ги убил своите врсници.
-Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа намерно, но не бев сигурен дека ќе пукам – рече според нашите сознанија Коста Кечмановиќ.