Поради зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации, Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата од градскиот водовод во Гостивар. Дополнително се утврдува бактериолошко и физичко – хемискиот квалитет на водата, откако во саботата, беа земени се 4 мостри од различни локации, и од страна на инспекциските служби на АХВ и Институтот за јавно здравје Скопје и од Центар за јавно здравје Гостивар, чии резултати се уште не се добиени.
На јавното комунално претпријатие “ Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, наредено му е да ги извести граѓаните за забраната, односно дека водата во градскиот водовод не е безбедна за пиење и да обезбеди питка вода за пиење. По издадените наредби од инспектор за храна на АХВ, ЈКП “ Комуналец”, постапило веднаш, соопшти АХВ.