МВР информира за неред во гостиварскиод суд, каде бил нападнат судијата.
-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Е.(30) и М.Ѓ.(61), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување во правдата”. На 30.09.2024, пријавените со употреба на сила и закани кон судија во Основен суд Гостивар и други службени лица присутни на местото на настанот, ги спречувале службените лица да преземаат дејствија кои биле предвидени во постапка пред суд, информираат од МВР.