Советот на општина Прилеп денес одржа вонредна седница на која беше изгласано утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост.
„Како градоначалник, како лекар, но пред се како човек утрово со тага ја примив веста за прераната смрт на нашите сограѓани, на еден прекрасен тим на специјалисти и медицински кадар. Еден тим кој животот го посвети во давање на помош и спасување на животи. Дури и на тој пат одеа да спасат животи. Прилеп и Македонија губат врвни луѓе, посветени на својата професија“, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчевски.
Во сообраќајната несреќа денес загинаа радиологот Александар Ристески, гинекологот Никола Василевски и технологот за радиологија Фанче Јованоска, кои работеле во болницата „Плодност“.