Повеќе од триесет години Стинг е во среќен брак со актерката и продуцент Труди Стајлер, со која има четири деца. Тие се заедно од 1992 година, но почетокот на нивната љубовна приказна го одбележа голем скандал – Стинг се заљубил во Труди додека бил во брак со нејзината најдобра пријателка Френсис Томелти, со која има две деца, пренесува супержена.б92.рс.
Труди Стајлер живеела во соседството и речиси секој ден се дружела со нејзината најдобра пријателка која немала поим дека ќе и го „украде“ нејзиниот сопруг. По долгогодишно познанство, меѓу Стинг и Труди се случиле искри, а на крајот и брак.
„Не сме горди на ситуацијата што се случи, ниту таа, ниту јас. Се сакавме, се венчавме и имавме уште деца, а тоа е нашата приказна“, изјави еднаш Труди Стајлер.
Стинг започнал афера со Труди набргу откако неговата тогашна сопруга се породила, а нивната врска станала позната една година подоцна. Истата година, Труди, која веќе била бремена со нивното прво дете, му се придружи на Стинг на турнеја со групата The Police.
„Луѓето ме прашуваат како е тоа што вашиот брак трае толку долго, а јас им велам дека тоа е навистина чудо, но не го земаме здраво за готово. Љубовта е страст и се што оди со неа, но важно е да ти се допаѓа некоја личност и сакаш да бидеш во негово друштво. За да ги имаш и двете мислам дека е многу важно да се омажиш за твојот најдобар пријател, односно пријателка“, изјавил Стинг, а во една прилика ги изненадил обожавателите кога зборувал за интимност.
„Идејата за тантрички секс се заснова на духовен чин. Не знам почист и подобар начин на изразување љубов на две личности од споделувањето на таа прекрасна, како што би ја нарекол, света тајна. Јас стојам зад таа идеја. Не со седум часа, но зад таа идеја. „Седум часа секс “ вклучува филм и вечера, објаснил претходно пејачот.