Дона Арес, легендарната пејачка, на 38-годишна возраст се соочи со опасна болест, а нејзината борба со ракот траеше три тешки години.
Ракот и се враќал три пати, а во овој период често ги споделувала деталите од својата битка со бројните следбеници на социјалните мрежи.
Своите искуства ги преточила во книга наречена „Соба за никој“, која е лична исповед инспирирана од оваа животна битка. Иако остана активна на мрежите, во последните месеци од животот нејзините објави беа се поретки, а нејзината последна порака навестуваше дека доаѓа крајот.
-Ве сака вашата Дона Арес, напишала таа, а многумина го протолкуваа како простување.
Нејзината мајка проговорила за оваа болна тема во исповед и во таа прилика открила што им кажала Дона.
-Верувај ми, со текот на времето не станува полесно, само потешко, а единственото нешто што ме одржува е храброста и силата што ни ги остави. Кој вели дека времето лекува болка, лаже. Живеам така што ја чувам тагата за себе. Премногу е тешко и секој нов ден е потежок. Кога сфати дека и доаѓа крајот и дека не може да продолжи, ни прочита лекција на оние кои останавме зад неа и рече: „Морате да бидете силни до последен момент, да се борите секој ден од почеток“. Секако, се трудиме да и ја исполниме желбата – изјави еднаш за „Аваз“.