Неда Украден ја воодушеви својата публика со две нови песни „Живеј и умри за љубов“ и „Посесива“.
-Песната „Посесива“ е за клубови и за мојата помлада публика. Секако, а „Живеј и умри за љубов“ е вистинска балада во која и помладата и постарата публика се заљубуваа во текот на летото, бидејќи никогаш не е доцна за љубов – изјавила Неда за новости.рс.
Во пауза меѓу бројните концерти низ Балканот во текот на летото, пејачката чија кариера трае половина век, слободните денови ги поминувала со семејството на црногорското приморје, каде има куќа во Лепетане.
-Бока Которска ја доживувам како своја оаза. Таму сум повеќе од 40 години и се чувствувам како да доаѓам во Сен Тропе. Во Лепетане имам пријатели и соседи со кои уживам да бидам обична жена. Подготвив специјалитети од риба, бидејќи Бока е идеален амбиент за кулинарски гозби. Деновите ни беа исполнети со одмор и работа. Накратко, не беше само лежење десет часа на сонце, туку уживавме, бидејќи само небото беше над нас – заклучува Неда за весникот.