Анџелина Џоли, една од најубавите актерки во светот, позираше за насловната страница на изданието есен/зима 2024 на CR Fashion Book, а нејзината фризура, која потсетува на локни во диско од 80-тите, го привлече вниманието на обожавателите, пренесува индекс.хр.
49-годишната актерка за потребите на снимањето ја замени својата препознатлива долга и права коса со локни, но нејзиниот изглед предизвика различни реакции. Додека едни го пофалија нејзиното издание, други пишуваа дека е непрепознатлива.
„Да не беше нејзиното име, немаше да ја препознаам“, „Мислев дека е Камерон Дијаз“, „Кој и ја направи оваа фризура нека биде отпуштен“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, актерката неодамна се појави на филмскиот фестивал во Венеција, но нејзиниот изглед ги загрижи фановите кои ги коментираа истакнатите вени на нејзините раце.