Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема.
Пламенот избувна во оџакот на објектот, а во гаснењето помогнаа вработените од околните објекти.
На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица и веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета