Веќе утврдената пракса секаде во кабинетите на министрите, на други функционери и институции на централната и локална власт па дури и во училишни холови да се вее знамето на Европската унија, не е ниту по нашиот закон, ниту по кој било утврден правилник.
Лукреција Маљковиќ – Атанасовска од Академијата за протокол вели дека нашиот Закон за знаме е многу јасен и дискутабилно е поставувањето на знамето на ЕУ, а и знамето на НАТО во цивилни објекти.
-Ние немаме обврска да го вееме европското знаме. Имаше објаснување дека ние преговараме за членство, ние сме земја кандидат…Знамето на НАТО треба да се вее само во институции кои имаат врска со одбрана. Знамето на НАТО не смее да се вее во цивилни објекти. Не знам зошто се вее, изјави Маљковиќ – Атанасовска во „Стадион“.