Саша Поповиќ, еден од челниците на „Гранд“ веќе извесно време има сериозни здравствени проблеми, а приказната која не сите ја знаат, е поврзана со него и познатата Баба Ванѓа.
Лепа Брена и Саша пред 30 години успеале да дојдат до познатата бугарска пророчица Баба Ванѓа, која му кажала на Поповиќ колку години ќе живее.
– Ме интересираше колку ќе живеам. Ми рече: „Ќе умреш на 86 години, нема да загинеш, ниту ќе страдаш од никакво оружје. Ќе заспиеш и нема да се разбудиш“ – јасно се сеќавам на нејзините зборови, пишува република.рс