Мајли Сајрус се соочува со тужба во врска со нејзиниот хит „Flowers“, кој освои Греми награда.
Во новата тужба поднесена во понеделникот во федералниот суд во Лос Анџелес, компанијата наречена Tempo Music Investments тврди дека „„Flowers“ вклучува неовластена „експлоатација“ на неколку елементи од песната на Бруно Марс од 2013 година „When I Was Your Man“.
Сајрус ја освои својата прва Греми за „Flowers“, песна од нејзиниот осми албум „Bendless Summer Vacation“. Хит песната, која осум недели го држеше првото место на Billboard Hot 100, беше напишана по нејзиниот развод со актерот Лијам Хемсворт и во голема мера се сметаше за декларација за независност.
„Секој обожавател на „When I Was Your Man“ на Бруно Марс знае дека „Flowers“ на Мајли Сајрус не го постигна целиот тој успех сама. „Flowers“ дуплира бројни мелодични, хармонични и лирски елементи на „When I Was Your Man“, вклучувајќи го мелодичниот дизајн на тонот и секвенцата на стихот, поврзувачката бас-линија, одредени тактови на хорот, одредени театарски музички елементи, стихови елементи и специфични прогресии на акордите“, се тврди во тужбата до која дојде Ролингстоун.
Според тужбата Tempo Music бара отштета во износ што ќе се утврди на судење i бара судски налог со кој им се забранува на Сајрус и на другите обвинети да репродуцираат, дистрибуираат или јавно да изведуваат „Flowers“.
Ајде да ги слушнеме двете песни за кои се води спор пред суд.