„Мој пријателе“ е песната која во дует ја испејаа Блгоја Грујовски и Гоце Пејковски, а беше промовирана вчера вечерта во „Ми каса“ во Скопје.
Баже и Гоце оваа песна ја снимија минатата година, но вчера беше промовиран спотот, кој е снимен во ИнТВ продукција на неколку локации во Охрид.
Песната е автобиогравска, испеана со многу емоции, а зад неа авторски е потрпишан Ташко Грујовски.
Весели и расположени, како и секогаш, Баже и Гоце со песна ги дочекаа гостите и тоа не само што ја испјаа во живо „Мој пријателе“, туку и други песни од нивниот репертоар, но и од колегите.
Меѓу гостите беа и многу нивни колеги, кои не ја пропуштија можноста да се фатат за микрофон.
Се на се беше вистинска журка, каква што им доликува на славеници од естрадата.
Сето тоа беше зачинето и со дување на роденденските свеќички, бидејќи на ромоцијата Баже го прослави и својот роденден.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски