Со цвеќиња во раце и во придружба на родителите, 200 првачиња во украинскиот град Харкив на првиот училишен влегоа во првото подземно училиште што беше отворено изминатата пролет. Како што рече Зоја Карјук, учителка во едно од првите одделенија, часовите за најмладите ќе траат 35 минути. Децата ќе учат во подземно училиште три дена, а два дена од далечина.
„Со задоволство се согласив да предавам во подземно училиште, да комуницирам во живо. Мислам дека и децата се многу среќни. Чувствувам задоволство, радост – ми го одзема здивот, искрено, затоа што веќе се одвикнавме од настава „во живо“, изјави учителката Зоја Карјук.
Во ова подземно училиште во регионот, кој трпи силни напади од руската војска, наставата ја посетуваат 1.100 ученици во две смени. Формирани се вкупно 50 паралелки. Директорката на училиштето, Валентина Пуклиј појасни дека таму требало да учат 450 деца, но веќе се примени 1.100 ученици, а нивниот број најверојатно ќе се зголеми.
„Среќни сме што децата ќе учат со физичко присуство. Учењето и комуникацијата во живо ги дава најдобрите резултати. Не се плашевме од експлозиите (рано наутро индустрискиот округ беше нападнат од Руската Федерација – уред.) и гранатирањето. Им посаквме добредојде на децата во оваа образовна институција. Никогаш не ни помислувавме дека ќе предаваме под земја, но ова училиште ги има сите услови, институцијата има сè – од информатичка технологија, опрема до мебел“, рече директорката Пуклиј.
Според податоците на Градското одделение за образование, 53.000 ученици (2.000 повеќе од минатата учебна година) и 75% од наставниците се физички присутни во Харкив (на почетокот на 2023 година оваа бројка беше 60%). Вкупно, во образовните институции, бклучително и градинките, учат 102.500 деца. Од оваа бројка, 5.500 учат со физичко присуство во адаптирани училници во метро, во подземното училиште и во засолништата против радијација.
Во градот работат 480 образовни установи за предучилишно образование, основно и средно образование, вонучилишно и стручно-техничко образование (државни, општински и приватни образовни институции).
На почетокот на септември минатата година во градот Харкив беа воведени училници во метро. Во април 2024 година, во Харкив беше завршена изградбата на првото подземно училиште во Украина а од 13 мај таму почнаа да учат 620 деца. Просториите во Индустрискиот кварт на градот се изградени според највисоките безбедносни стандарди.
Засолниште претворено во подземно училиште
Покрај подземното училиште, засолниште беше отворено за настава во регионот Харкив. Како функционира ова решение?
Засолништето од највисоката безбедносна класа А-4 е наменето за 400 луѓе. Објектот има греење,вентилација,водоснабдување, дизел генератор во случај на долг прекин на струја. Просториите се целосно приспособени за лица со попречености, има лифт и други елементи.
Во текот на минатата учебна година значително се зголеми бројот на деца кои учат и во метро. Во септември 2023 година, на станицата „Перемога“ во областа Шевченков имаше само 258 ученици, а во мај 2024 година – 731.
Во летниот период дополнителна настава се одржуваше и во училиштето во метро – за ученици кои сакаат да го подобрат своето знаење.
Треба да се напомене дека од пролетта 2024 година, повеќе од 2.200 деца учеа во мешан формат во просториите опремени во метрото.
Како што е соопштено, во Харкив под земја, сега почнаа да учат не само ученици, туку и деца од предучилишна возраст : 650 деца веќе се запишале во необичната детска институција во метрото.
Во Харкивската област во тек е изградба на шест подземни училишта, а се развиваат уште 16 вакви проекти.
Ова го соопшти шефот на регионалната воена администрација Олег Синегубов, пишува Рубрика.
Дополнително, се гради засолниште во областа Харкив, каде ќе обезбеди настава за 300 ученици и ќе биде безбедно засолниште за локалните жители. Овој објект кој ќе стане еден од најзаштитените во регионот, се планира да биде готов до ноември.
Отворено модерно засолниште за повеќе од 1.000 ученици во реонот Миколаев
Во Миколаевскиот регион во јужна Украина, во април беше отворено модерно засолниште од 900 метри квадратни, каде децата учат со физичко присуство.
Од почетокот на војната, овој регион имаше среќа да остане речиси недопрен од нападите. Меѓутоа, поради недостаток на засолништа, децата се принудени да учат главно онлајн.
„Децата сонуваат да се вратат на некогаш обичните радости што ги носи наставата „во живо. Поради ограничените буџетски можности, само засолништето не е доволно за да се обезбеди целосен пристап до образование“, нагласуваат од добротворниот фонд SavED и неговите партнери, со чија помош беше отворено адаптираното училиште.
Како функционира училиштето – засолниште?
„ Направивме висококвалитетни поправки во прифатилиштето, опремивме неколку посебни образовни простории со мебел, опрема, висококвалитетно осветлување и вентилација, така што престојот во засолништето беше удобен и безбеден. Повеќе од 500 ученици можат да престојуваат овде во исто време“, изјави Ана Новосад, ко-основач на добротворната фондација SavED.
Според неа, ова засолниште има речиси 900 квадратни метри образовен простор, кој ќе им служи на учениците и наставниците како „подземно училиште“ за да може да се продолжи со наставата и во време на тревога.
„Благодарение на нашите партнери, успеавме да го претвориме мрачниот подрум во целосно „подземно училиште“, така што повеќе од илјада деца не само што можеа да се вратат во своите клупи, туку и да продолжат да учат дури и за време на чести и долготрајни миколаевски нервози“, рече Новосад.
Добротворната организација CORE Response на Шон Пен е една од организациите која помогна за адаптирањето на засолништето во училиште.
Овој текст е преземен од украинскиот медиум Рубрика. Фотографии од: Вјачеслав Мадиевски и Јулија Бајрачна /Укринформ, Регионална државна управа на Миколаев
Powered by TechSoup Network’s Digital Activism Program