Не можам да ги слушам вашите насоки, имам T-CAS алерт, ова е дел од комуникацијата што ја објави Канал 5 меѓу турскиот пилот и контролорот на М-НАВ, неколку секунди пред да се избегне евентуалниот фатален судир меѓу двата авиони со 600 патници на небото над Скопје на 7 септември.
Канал 5 пишува дека до трагедија ги делеле секунди. Авионите на Санекспрес и Туркиш Ерлајсн летале на висина од речиси 11 километри директно еден кон друг. Автоматското активирање на ТКАС системот и брзата реакција на пилотите е единствената причина зошто е избегната несреќата. Авионите се разминале на само 600 метри оддалеченост.
Искусниот пилот во пензија Горан Павлоски, кој има информации за случајот преку пилотските канали, објасни дека ТКАС системот кој содржи сензори за сообраќај со првиот аларм им сигнализира звучно и светлосно на пилотите, дека во нивна насока доаѓа друг авион наоддалеченост 2 до 3 наутички милји, а 20тина секунди подоцна бара итна реакција од пилотите за избегнување на судир.
По 20 секунди веќе доаѓа алерт, се вика resolution advisory, каде пилотот веднаш, во рок од една до две секунди мора да ги следи инструкциите на овој систем слепо и тој дава само две команди descend(спуштање) или climb(искачувачање), односно понирај, спуштај го авионот или качувај.
Тој објаснува дека веднаш треба да се следат овие информации и кога ова ќе дојде до реакција, значи се работи за секунди, јас би рекол за 5 до 10 секунди максимум е избегнат судирот на овие два авиони. Ако едниот авион добие наредба од системот да ја зголеми висината, односно да качува, тогаш дргуиот авион добива наредба да понира и затоа веднаш се прави поголема разлика да се избегне тој судир, јавува Канал 5.