Моника Станојкова од Штип е македонската претставничка во реалното шоу „Елита“, која од првото појавување предизвика внимание кога откри дека има дечко, со кој е веќе две години, но дека е оженет и има две деца.
-Жена му знае дек има некоја, но не знае дека сум јас. Но, сега можеби ќе дознае. Ако не сум јас, ќе биде некоја друга. Не ми пречи што е женет. Повеќе сакам кога е кај мене дома, но мора малку да биде и со неговите, рече таа на претставувањето.
Но, Моника не е непозната за македонската јавност само по женетиот дечко. Позната е како штипската Миа Калифа, познатата порно ѕвезда. Пред две години во интервју за ММС рече:
„Ниту сакам да бидам Миа Калифа, ниту, пак, би снимала филм за возрасни.Тоа не доаѓа во предвид.“
Две години најверојано за Моника се пресудни, бидејќи во интервјуто рече дека имала дечко со кој се забавувала две години, но раскинала.
-Имав долга врска од две години и заедно живеевме. Но, пред една недела се разделивме. Тоа им е повод на злите јазици да коментират- ете сега немаш дечко. Сега па и тоа ги интересира, зошто немам дечко, бидејки знеја дека имам долга врска. Поминувам тежок период, но ќе помине. Не знам дали ќе се смириме, но е прерано за нова врска. Имам и некоја надеж дека ќе се смириме. За него морам да кажам дека ми беше најголемата поддршка во животот. Тоа многу ми значеше особено што живеевме заедно. Навистина имав огромна поддршка од него. Без оглед дали повторно ќе бидеме заедно или не навистина му благодарам за сета поддршка што ми ја даде. Во најтешките моменти кога сите беа против мене, тој беше до мене и ме бодреше да одам напред. И кога раскинувавме си посакавме се најубаво, тој ми посака да успеам во тоа што се трудам долго време, а сите сакаат да го стопираат. Навистина има луѓе што се против мене и не знам од која причина е таа омраза што ја носат во себе, рече во интервјуто Моника.
Причитајте го целиот разговор со штипската Миа Калифа: