Дождовите изминатите два дена го донесоа долгоочекуваното разладување, што изутрината во 8 часот по градовите се манифестира од 10°C во Крушево до 18°C во Гевгелија.
Измерени температури: 7 Попова Шапка, 9 Лазарополе, 10 Маврови Анови, Крушево, 12 Претор, 13 Охрид, 14 Дебар, Крива Паланка, Битола, Прилеп, Виница, 15 Штип, Скопје-Зајчев Рид Тетово, 16 Куманово, Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, Демир Капија, 17 Струмица, 18 Гевгелија.
Најмногу воден талог во изминатите 24 часа е измерен во Куманово 52 l/m², Битола со 26, Виница со 16 и Попова Шапка со 15,5 l/m².
Воден талог: 52 Куманово, 26 Битола, 16 Виница, Попова Шапка, 13 Велес, 11 Демир Капија, Крива Паланка, 10 Берово, Скопје – Зајчев Рид, 9 Гевгелија, Штип, 8 Тетово, Кавадарци, 7 Крушево, 6 Претор, 3 Прилеп, Струмица, Маврови Анови, 2 Охрид, Лазарополе, 1 Дебар.
Од УХМР додаваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измеренатa.
Времето денеска: Променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 26 степени.