Шпанецот Педро Алмодовар на филмскиот фестивал во Венеција дојде со својот прв долгометражен филм на англиски јазик, „Собата до врата“, во кој главните улоги ги толкуваат Џулијан Мур и Тилда Свинтон.
По завршувањето на филмот, шпанскиот автор, пишува Вариети, им ги бакнал образите и на Свинтон и на Мур и им ги подигнал рацете како шампионски боксери. Потоа се спуштил по скалите со своите нови музи, продолжувајќи ги овациите со ракување со обожавателите. Свинтон, во бел костум на Шанел, ја прегрна Мур, облечена во златна светкава тоалета. Алмодовар во розев костим од памук беше пречекан со аплаузи, додека толпата извикуваше: „Педро! Педро! „Педро!
Инаку, станува збор за адаптација на романот “What Are You Going Through” од Сигрид Нуњез. Приказната е за писателката Ингрид (Џулијан Мур) која го обновува пријателството со Марта (Тилда Свинтон) која се бори со терминален карцином на грлото на матката.
Таа сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе го земе апчето за евтаназија. Филмот беше премиерно прикажан во Сала Гранде, а публиката го награди тимот со громогласен аплауз кој траеше дури 17 минути, јави Вариети.
„Тоа е нешто на кое му се восхитуваме на ликот на Тилда. Таа решава да се ослободи од ракот со донесување на оваа одлука.
„Ако умрам рано, ракот нема да ме победи“, вели таа. Таа наоѓа начин да ја постигне својата цел со помош на нејзината пријателка, но тие треба да се однесуваат како криминалци, низ целиот свет треба да има можност за евтаназија“, рече Алмодовар.
Мур рече дека не познава режисер кој би можел да сними подобар филм за женското пријателство од Алмодовар.
„Многу ретко имаме приказна за женско пријателство, особено за пријателки на постара возраст“, додаде таа.
Свинтон изјави дека одамна му рекла на Алмодовар дека ќе направи се за да добие можност да работи со него, што и го направила.