Заврши 31-то издание на „Охрид фест 2024“, фестивал кој со децении на едно место ги собира фолк и поп пејачите не само од Македонија, туку и од Балкан.
Така беше и викендов, кога полната сцена на Долни Сарај покажа колку е голем интересот на публиката за новостите што се случуваат во музиката.
Петокот беше резервиран за фолкерите, а на сцената се појавија квалитетни фолк ѕвезди, кои испеаја хитови, кои и тоа како ќе се слушаат, песни во различен стил, од трубадурско – чалгаџиска охридска песна, патриотски, но и модерни фолк нумери.
Рака на срце, годинава фолк вечерта по квалитет ја надмина втората, интернационалната. И наградите од жири и публика сосема заслужно заминаа во рацете на:
Публика
1. Благоја Грујовски: Ноќва Охрид не спие
2. Драган Николовски Даце: Катанче
3. Влатко Миладиноски: Песна за Свети Наум
Жири
1. Ленче Кукиќ: Добри анѓели
2. Група Биоритам: Засекогаш твој
3. Благица Павловска: Химна на љубовта
Останати награди: Најдобар дебитант: Катерина Ристова, Најдобар текст: Катанче на Анита Даева, Најдобар аранжман: Дејан Георгиевски Ѕене, Награда за најдобра интерпретација: Горан Кукиќ,
Најтрубадурска песна: Ќе ти дарам еден цвет-Нино Величковски, Награда Долни Сарај:Катерина Танева, Новинарска награда: Ленче Кукиќ: Добри ангели, Награда Аце Ангелески: Анета Арсовска.
Интернционалната вечер помина во знакот на повеќе непознати отколку познати извдувачи, кога станува збор за официјалниот дел. Но, во рвијалниот публиката уживаше во настапо на Лео Мартин, Јелена Томашевиќ, Срѓан Марјановиќ и Дадо Топиќ, кој го затвори фестивалот собезвременската „Македонија“. Постхумно беше награден Аки Рахимовски, а наградата ја прими неговиот син Кристијан, кој најави повеќе настапи низ државава.
Од официјалниот дел наградите беа поделени вака:
Публиката
1.Немања Радошевиќ (Србија)
2.Лола Пухар (Хрватска)
3.Емин Печанин (Хрватска)
Жири
1.Мила Николовска Ѓумар
2.Милорад Мијушковиќ (Црна Гора)
3.Милан Бујаковиќ (Србија)
Останатите награди заминаа кај: Награда за интерпретација – Дорис Димовска, Најтрубадурска поп композиција – Стефан Спироски, Награда за најдобра аудио продукција – Студио тра ла ла за песната “Лага”, Најдобар дебитант – Илија Јовчев, Награда за сценски настап – Славчо Крезовски, Најдобар аранжман – Давор Јорановски за “Нека свети”, Најдобар текст – Весна Малинова “Нека свети”, Награда од акрдитираните новинари – Немања Радошевиќ, Најслушана песна помеѓу два фестивали – Шепни ми, Награда Долни Сарај – Сергеј Попоски.
Фестивалот годинава го удостои и претседатеката Гордана Силјановска Давкова, која со сопругот го следеше од првиот ред.