Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против С.Н.(41) од Крива Паланка порaди постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда” при семејно насилство.
МВР денеска соопшти дека тој на 17-ти август во семејната куќа во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга и нивните малолетни деца.
При тоа, на сопругата ѝ нанел тешки телесни повреди, информираше полицијата.