Познатиот актер Антонио Бандерас (64) и неговата 20 години помлада девојка Никол Кимпер се појавија на филмскиот фестивал во Венеција и го привлекоа сето внимание и на снимателите и на присутната публика.
Актерот и Никол блескаа во елегантни комбинации; тој носеше класичен црн смокинг, а Никол долг црвен фустан кој ја истакнува нејзината беспрекорна фигура. Велат дека Бандерас, кој во Венеција го промовира својот нов филм, еротскиот трилер „Babygirl“ во кој глуми со Никол Кидман е заљубен до уши во младата Никол.
„Никол и јас“, гордо напиша Бандерас на Инстаграм покрај фотографијата на црвениот тепих.