Хрватскиот фудбалер, Марио Вушковиќ денес и официјално ја доби казната за допинг и ќе биде надвор од фудбалот до 2026 година, објави спортскиот портал Фудбал 24.
Вушковиќ доби четиригодишна суспензија, меѓутоа тој е надвор од терените од 2022 година, па така таа ќе заврши есента 2026.
Со тимот на германски ХСВ има договор до 2025 година, а од таму не се огласија за овој случај.
Минатата година Фудбалскиот сојуз во Германија го прогласи Вушковиќ за виновен во допинг скандалот и го суспендираше на две години.
Адвокатите кои го застапуваа хрватскиот фудбалер бараа ослободителна пресуда, додека од Светската антидопинг агенција сакаа суспензијата да биде и зголемена.